ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд ќе одлучува за Изборниот законик, на дневен ред и осум други иницијативи

Уставниот суд денеска треба да одлучи по иницијатива за Изборниот законик со која се оспорени членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. На дневниот ред од денешната седница закажана за во 9:30 часот се предвидени и осум други иницијативи за оценување на уставност/законитост и три барања за заштита на слободи и права.

Advertisements

Подносителите на Иницијативата за Изборниот законик сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик , кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници. Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 % од гласачкото тело, што според нив предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување  во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите. Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи. Дополнително, според подносителите, спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button