Уставниот суд – нејнереформираната институција во државата во изминатите 34 години

„Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“ е тема на денешната тркалезна маса што се одржува во Уставниот суд која има за за цел да отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд, преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во воведниот говор порача дека според неа Уставниот суд одамна требало да се реформира и дека добро е што дебатата за ова денеска се случува, токму во најнереформираната институција.
– Ако ме прашувате, јас сум за поширока надлежност на Уставниот суд. Поширока надлежност не може да се регулира со носење закон. Прво да се прошири листата на заштита на слободи и правата. Понатаму, да прецизираме дека од потпишувањето на меѓународните договори до стапување во сила, Уставниот суд да има право на интервенција, нагласи Сиљановска Давкова.
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на отворањето на дебатата, порача дека за ова прашање низ изминатите 30-тина годините има две константи кои се комплементарни – првата константа, зошто и кому му е потребен статус кво во уставното судство, и втора константа е дебатата за изборот, кој се смее да биде уставен судија и работата на Уставниот суд. Двете константи се, вели, комплементарни.
– Според мене потребен е Закон за Уставен суд. Но, не каков било, туку 2/3 закон или да се примени хрватскиот модел и да се донесе уставен закон со што ќе се доуреди работата на уставните судии, нагласи Костадиновски.