ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Уставниот вели дека нема да коментираат ничии ставови за Законот за јазиците

Уставниот суд соопшти дека нема да коментира ничии ставови во однос на прашањето за Законот за употреба на јазиците, пренесува Телеграф Македонија.
Според информациите, седницата на која ќе се расправа за овој закон е закажана за 11 декември.
„По завршувањето на седницата ќе се одржи редовна прес-конференција на која ќе одговориме на сите прашања на јавноста и медиумите“, велат од Судот.
Овој случај предизвикува значителен јавен интерес, особено поради различните ставови и толкувања за спроведувањето на Законот за јазиците.