ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Усвоени приговори за уште три избирачки места – едно во Охрид и две во Крушево

Државната изборна комисија вечерва го поништи гласањето на уште три избирачки места. Станува збор за избирачкото место 1272 во општина Охрид, и за избирачките места 1194 и 1202, двете во Крушево, по поднесен групен приговор од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Како што посочи претседателот на ДИК Александар Даштевски по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, утврдено е дека записникот не е правилно пополнет, има и корекција во делот на гласачи внесени со рачен внес.

Приговорот беше усвоен со еден глас против. „Против“ гласаше потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху која укажа дека бројката на гласачи се совпаѓа со бројот на потписи. Таа појасни дека забелешката за резултатите од ова гласачко место всушност се однесува на записникот 16 во делот 4 кој е погрешно пополнет, а тоа е, вели, грешка која ја има речиси кај сите избирачки одбори.

Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.

ДИК продолжува со разгледување на пристигнатите приговори.

Досега беа разгледани приговорите од Коалицијата „Вреди“ при што беше усвоен еден приговор за избирачкото место 2102 во Желино.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button