ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре, Градот објавува нови огласи за приватните превозници

Утре, Градот објавува нови огласи за приватните превозници

Град Скопје во понеделник ќе објави јавен оглас за  приватните превозници да можат  да се пријават и да се вратат со работа на градските улици. Градоначалничката на Градот, Данела Арсовска, за Алсат вели дека новите повици нема да имаат никаква разлика од претходните, дури и бројот на автобуси на приватните превозници ќе биде ист.

Advertisements

И покрај тоа што постигна договор со приватните превозници за враќање на долгот од околу 1,8 милиони евра, Арсовска го избегна прашањето за судбината на долгот. Насобраниот долг беше главна причина за бројните протести на превозниците.

Јавниот превоз во главниот град со месеци е во вистински хаос, бидејќи нема доволно автобуси на сите линии. По несогалсувањето со Град Скопје и протестите за заостанатите плати, приватните превозници формираа нов организациски совет, кои започна преговори со Градот.  Дел од приватните превозници постигнаа договор со Арсовска, додека „Мак Експрес“ и „Слобода превоз“ спорот ќе го решаваат по судски пат./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button