ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Утре избори за градоначалник во Центар Жупа

Утре ќе се гласа на избори за градоначалник во Центар Жупа. Денеска можеа да гласаат 57 болни и изнемоштени лица. Во споредба со локалните избори на 17 октомври, овој пат бројот на болни и немоќни е за 40 лица повисок.
Утре правото на глас може да го остварат 7 илјади 77 лица, што е за 240 гласачи помалку во однос на локалните избори лани. Во трка за градоначалник се двајца кандидати. Во оваа општина гласањето се повторува бидејќи на редовните избори излезноста беше 25,7 отсто, односно не беше постигнат минималниот законски праг за излезност. /Алсат.мк