ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре ќе се одлучува како и кога ќе биде спроведен скринингот во училиштата

На утрешната седница на Комисијата за заразни болести ќе се одлучува како и кога ќе биде спроведен скринингот во училиштата што го најави министерот за здравство Беким Сали.

Advertisements

Тој денеска изјави дека скринингот ќе биде изведен преку центрите за јавно здравје кои ја водат евиденцијата на сите позитивни случаи.

– Една од точките на утрешната седница на Комисијата за заразни болести ќе биде и ова. Утре ќе се одлучува како и кога ќе почне скринингот. Првата недела е многу важна за да се реагира брзо доколку има потреба од преземање на дополнителни мерки, изјави Сали, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Детската клиника.

Утре почнува второто полугодие со физичко присуство. Почетокот на второто полугодие беше прологирано за две недели поради епидемиолошката состојба во земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button