ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Утре ќе се разгледува евентуално проширување на листата производи со замрзнати цени

Доколку Владата забележи драстична разлика во однос на моменталните цени и оние кои биле во ноември, ќе се прошири и листата на производи на кои ќе им бидат сменети и замрзнати цените на големо и мало. Во прв план се разгледуваат цените на оризот и јајцата. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ќе се споредуваат податоците објавени од државниот завод за статистика, а одлуката ќе биде уште утре на владината седница.

Advertisements

„Многу е важно да се наведе фактот дека одлуките не важат за денешните цени, туку важат за цените кои биле формирани од страна на трговците од први декември. И цените од први декември ќе важат до 31 јануари“, рече Бектеши.

За кој производ и да важи владината одлука, според правилата, цената на тој производ не смее да претрпи промена во нагорна линија во следните 60 дена. Засега на ниво од први декември властите решија да ги замрзнат цените на лебот, шекерот, брашното, зејтинот, млекото, месото и сувомеснатите производи како и цените на сирењето и урдата.

Бизнис заедницата пред да биде објавена оваа мерка посочуваше дека замрзнувањето на дел од цените може негативно да влијае врз стопанството, а не ја исклучија можноста и дел од производите додека трае оваа мерка да ги снема од рафтовите во продавниците бидејќи профитот ќе им биде намален.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button