ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Утре ќе штрајкуваат вработените во државниот и јавниот долг

Утре ќе штрајкуваат вработените во државниот и јавниот долг

Синдикалците не се повлекуваат од одлуката – утре да стапат во генерален штрајк и по средбата со владините претставници предводени од вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи. Властите дојдоа на помирување во ССМ, но средбата заврши без решение бидејќи наместо повисоки плати за работниците било понудено системско решение за вработените во државниот и јавен сектор. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија вели дека во моментов работниците ги интересира само егзистенцијата на нивните семејства. 1xbet شرح موقع

„Разочаран сум од преговорите кои денеска се водеа во последен момент, очигледно дека беа само купување време и ништо друго. Не ни понудија ништо освен правење одредени комисии каде ќе се усогласи методологијата, убедувајќи не дека административниот службеник е непродуктивен работник, што не е така. Тие се сервис на граѓаните и ние користиме услуги од нив, а тие достоинствено си ја работат работата“, изјави Дарко Димовски претседател на ССМ. العب روليت

Од владата велат дека штрајкот е загарантирано уставно право на работниците, но засега велат дека со синдикатот не најдоа заедничко решение кое на долг рок ќе ги реши проблемите, а не само годинава. Битиќи вели дека е за зголемување на платите во јавниот сектор.

„Тоа треба да се следи и со методологија за раст на плати, за да не се враќаме на истата дискусија која ја имаме сега, а и во претходните 30 години ја имаме на секое зголемување на минималната плата, дали имало или немало усогласување на платите во јавниот сектор“, рече Фатмир Битиќи Вицепремиер за економија.

Синдикатот бара во јавниот сектор зголемување на платите од 2800 денари, и исплата на регрес за годишен одмор кој би се движел од 30 до 100 отсто од просечната плата. لعبة بلاك جاك Утре ќе штрајкуваат комуналните претпријатија, полицијата, војската, образовниот и здравствениот сектор.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button