Утре лопати за автопатите, јавноста не виде проект, но виде сомнителен надзор
Утре лопати за автопатите, јавноста не виде проект, но виде сомнителен надзор

Владата утре ќе поставува камен-темелник на Коридорот 8. И покрај критиките, скандалите и сомнителниот избор на надзорот на работите, власта реши по секоја цена да фрла лопати. Ова се случува дури и откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за начинот на кој беше избран надзорот.
Тендерот за тоа го доби групацијата на компании „ИРД Инженеринг“, „Електрасолушнс“, Евроконсалтинг“ и „ЕПТИСА“. Три од четирите зад себе имаат веќе загрозен кредибилитет.
„Електрасолушнс“. Компанијата која доби лиценца за надзор на работите со други инженери од оние кои биле наведени во последниот проект. Оваа компанија при договорот пријавила десетина вработени, но претходно на крајот на годината декларирала само двајца. Некои експерти немаат релевантна документација, а самата фирма најголемо искуство има во производството на долна облека. И покрај тоа што италијанската компанија е носител на надзорот, преку „Електрасолушнс“ ќе помине најголемата сума од 22,3 милиони евра предвидена за таа намена. Ова претпријатие се наоѓа на иста адреса кај фирмите кои не успеаја да обезбедат пари за банкарската гаранција при првиот тендер бидејќи парите им биле во руски банки.
„Евроконсалтинг“. Компанија основана од Бранислав Димитријевиќ, со актуелен менаџер Зоран Димитријевиќ е следна која ќе се занимава со надзорот. Оваа фирма, чиј сопственик Ерменија го гони за измама, доби дел од мултимилионскиот пакет и покрај тоа што Владата беше запознаена со дамката во минатото на Димитријевиќ, неговата недостапност за органите на прогонот во нашата земја и сомнежите за манипулации во однос на сопственоста на компанијата со цел таа да се приспособи на условите за учество на тендерот. Владата и Јавното претпријатие „Државни патишта“, наместо да се оградат од овие околности, излегоа во одбрана на компанијата и нејзиниот имиџ.
„ЕПТИСА“. Јаболко на раздорот поради кое Владата зажали за донесената одлука. Шпанската компанија беше јавно посочена од Владата во ноември 2020 година како фирма со која општините или државните институција не треба да соработуваат за проекти над 1 милион евра. Но, само 10 недели подоцна, затекната пред можноста да се соочи со тужба за прекршување на договор и фатена пред свршен чин дека таа не може да носи одлука дали некој субјект постапува спротивно на законот или не, Владата ја повлече одлуката, односно го укина налогот за несоработка со оваа фирма.
Рокот за поднесување на тендерот беше продолжен за 8 дена додека роковите веќе течеа. Иако сè уште има сомнежи, ЈП „Државни патишта“ образложи дека тоа било направено по барање на фирмите зашто морале да ја преведат документацијата. Променети беа и условите за учество. Тие беа олеснети и за надзор и консалтинг можеа да се пријават дури и форми со негативно салдо во последната година.
Но и покрај сите овие информации што ги обелоденија медиумите и одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое на самиот крај отвори предмет по допрен глас, воопшто не влијаеја врз Владата. Напротив, извршниот орган со промоторите на овој проект, кој според нив е историски, сите критичари ги прогласија за непријатели./Алсат.мк
Адријан Керими