Утре нова седница на Советот за безбедност за пандемијата

Во текот на изминатата недела процентот на смртни случаи од корона вирусот се зголемил за 35,4% во споредба со седмицата претходно. Од 172 жртви од 23 градови, мнозинството, односно 135 имале над 60 години. Во периодот од 9 до 15 ноември, регистрирани се 7.355 случаи на коронавирус во 35 градови во земјата. Во споредба со претходната недела, регистрирани се само 75 случаи повеќе. Процентот на заразени од вкупниот број на тестирани е 35% или 2% помалку од претходната недела. На последната седница, Владата му даде дозвола на Министерството за здравство во случај на потреба да набави брзи тестови без тендер.
Во меѓувреме, здравствените власти проценуваат дека моќта на пренесување на вирусот е намалена од вредноста 1,5 на 1.
Во една ваква ситуација, претседателот Пендаровски за утре го свика Советот за безбедност. Од Владата велат дека на маса ќе бидат сите можности, не одговорајќи конкретно дали може да има одлука за вонредна состојба или за дополнителни мерки за ограничување.
„Сите можности за справување со коронавирусот се отворени. Синоќа немаше конкретна дискусија за прогласување вонредна состојба, првично се очекува да се одржи Советот за безбедност со претседателот Пендаровски и не е исклучена можноста до крајот на неделата Владата да одржи седница на која ќе донесе други мерки за справување со пандемијата.“
Комисијата за заразни болести на последната седница не предложи нови мерки.
Evi Shkopi