ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре нови протести на ФИНКИ за свој објект

Утре нови протести на ФИНКИ за свој објект

Веќе 13 години студентите на Факултетот за информатика и компјутерско инженерство се уште немаат сопствен објект. Се жалат дека на секое предавање околу 5 илјади од нив се соочуваат со бројни пречки поради немањето услови, особено немањето лаборатории со компјутери. Неодамнешните дипломци на овој факултет изјавија дека годините на студирање, покрај несоодветните услови за учење, ќе им останат запаметени и по „онлајн“ наставата.

Деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски, повтори дека објектите на Бирото за развој на образованието се најпогодни простории за решавање на ова прашање. Но, пред неколку дена оваа институција се спротивстави на таквото решение.

Деканот за вторник повторно најави протести пред Владата, поточно марш на студентите од ФИНКИ кон Владата. Тие и пред десетина дена протестираа и импровизираа предавања пред Владата во знак на револт поради немањето свој објект. Напорите за тоа почна заедно со проектот „Скопје 2014“, кога започна изградбата на објектот за ФИНКИ во дворот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во центарот на Скопје, но со текот на годините изградбата беше оставена и претворена во депонија./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button