
Новиот министер за здравство во вторник ќе се сретне со синдикатите на здравствените работници. Средбата доаѓа по барањето на синдикалците за потпишување на постигнатиот договор за зголемување на платите. Синдикатот бара бруто зголемување од 3.000 денари за медицинските сестри и 2.000 денари повеќе за сите останати вработени во здравството, вклучително техничкиот персонал, административците и лекарите.
Синдикалците бараат усогласување на платите преку измени во Законот за плати. Според нив, со сегашниот закон се прекршуваат правата на Синдикатите за колективни договори и повисоки плати. Пред една недела, голем број здравствени синдикати стапија во штрајк барајќи зголемување на платите а истовремено се заканија со понатамошни протести додека нивните барања не се исполнат за краток период.
Вјолца Алити