ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Утре обилни врнежи, северен ветер и ниски дневни температури
Утре обилни врнежи, северен ветер и ниски дневни температури

УХМР најавува дека утре, под влијание на циклонска активност, ќе има врнежи од дожд кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат обилни, над 30 литри на метар квадратен. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег.
Врнежи ќе има и во вторник претпладне, а во западните делови во повисоките подрачја се очекува формирање снежна покривка.