ЕКОНОМИЈА

Утре почнува етапната исплата на јануарски пензии, зголемени за 2,9 отсто

Од утре почнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2.9 отсто, согласно законското усогласување кое се врши два пати годишно во јануари и јули. Усогласувањето се врши според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика.

Advertisements

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата треба да се изврши на 26 јануари 2022 година (среда), а за пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари, исплатата треба да се изврши на 27 јануари 2022 година (четврток).

Се предвидува пензиите со висина од 14.001 до 18.000 денари да бидат исплатени на 28 јануари 2022 година (петок), а исплатата за пензиите со висина над 18.001 денари треба да се изврши на 31 јануари 2022 година (понеделник).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button