ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Утре почнува вакцинацијата за сезонски грип
Утре почнува вакцинацијата за сезонски грип

Утре почнува бесплатната вакцинација против сезонски грип. Имунизацијата ќе се спроведува во Центрите за јавно здравје низ државата, а во Скопје во Поликлиниките Идадија, Бит Пазар и Ѓорче само втора смена.
Од министерството за здравство информираат дека досега за вакцина се пријавиле 27.000 граѓани од ризичните групи, а на располагање има уште 13.000 дози. Само вчера преку “Мој термин” биле испратени 12.000 покани за времето и на кој пункт да се јават заинтересираните над 65 години, хронично болни лица, бремени, здравствени работници и деца до 5 годишна возраст.
Покрај бесплатните вакцини од министерството за здравство, до крајот на неделата во ЦЈЗ Скопје ќе почне и комерцијалната вакцинација по цена од 800 денари.