СВЕТ
Утре почнуваат консултации меѓу Украина и САД за минерали

Утре се очекува да започнат консултациите за договорот меѓу Украина и САД за минерали, најави вицепремиерот на Украина за европски и евроатлантски интеграции, Олга Стефанишина.
На прес-конференција во Брисел таа нагласи дека моментално не може да сподели детали за техничките консултации, но најави дека информациите ќе бидат достапни утре, пренесе УНИАН.
Таа, исто така, нагласи дека договорот нема да влијае на постоечките обврски на Украина, вклучително и оние од програмата за макрофинансиска помош на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).