ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Утре подготвителна седница на РКЕ за механизмите при носење на новата одлука за цената на струјата

За утре е закажана подготвителната седница на која Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред енергетските компании ќе ги презентира механизимите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на електрична енергија, информираат од РКЕ.

Advertisements

Како што појасни, станува збор за исклучителенo комплексен процес и во време на енергетска криза сите страни мора да се солидаризираат.

РКЕ се уште ги анализира пристигнатите барања од енергетските компании. Сите енергетски компании побарале зголемување на цената на електричната енергија.

Најдоцна до петок РКЕ треба да ја донесе одлуката за цената на струјата за корисниците на регуларниот пазар што ќе важи во првите шест месеци од наредната година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button