Утре протест на Синдикатот на Клинички центар
Утре протест на Синдикатот на Клинички центар

Синдикатот на Клиничкиот центар се заканува со протести и штрајк на медицинскиот персонал доколку Фондот за здравство утре не ги исплати платите за јануари месец. Потпретседателот на овој Синдикат, Сефедин Алиу вели дека доцнењето на платите уште повеќе ја влошило социо-економската состојба на здравствениот персонал.
„Економски, здравството е на многу ниско ниво, а платите доцнат, тоа е неподносливо и не случајно кажавме дека она што ни го дозволува законот, во понеделник ако нема исплата на плата ќе протестираме, но зошто да не, да има И штрајк. Има ветувања од Фондот дека утре ќе има исплата на плати за последниот месец, ако се случи тоа ќе продолжиме со други активности, но сепак ќе протестираме за да не се повторат вакви работи. Принудени сме, луѓето немаат леб. Далеку сме од тоа да зборуваме за повисоки стандарди, платите на здравствениот персонал се многу ниски. Во контакт сме со членството, ќе постапиме согласно тоа што бара ситуацијата“, рече Сефедин Алиу, потпретседател на Синдикатот на Клинички центар – Скопје.
Во меѓувреме, Синдикатот на болниците 8 Септември за утре најави мирен получасовен протест. Првиот човек на синдикатот рече дека се врши притисок врз нив да не протестираат.
Министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека доколку Фондот за здравство не го реши проблемот до понеделник, парите за платите на здравствените работници ќе се префрлат директно од трезорот, а кога ќе се реши проблемот, тие средства ќе ги надомести Фондот. Проблемот со платите дојде по сајбер нападите на Фондот за здравство, при што оваа институција речиси целосно е парализирана./Алсат.мк
Вјолца Алити