ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Утре прв состанок на комисијата со Бугарија за економија и трговија

Утре во Скопје ќе биде одржан првиот состанок на заедничката работна група со делегација од Бугарија за економија, трговија и иновации.
Ваквите средби ќе имаат за цел зголемување на инвестициите помеѓу двете земји, зголемување на трговската размена и подобро инфраструктурно поврзување. Економската комисија треба да ја врати урнатата доверба помеѓу бизнис заедниците на Македонија и Бугарија.