ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре Собранието ќе ја гласа потребата за измени во Законот за заштита од заразни болести

Утре Собранието ќе гласа за потребата за измени во Законот за заштита на населението од заразни болести. На денешната координативна средба партиите се согласиле на пленарната седница да се изгласа потребата од носење на овие измени по брза постапка. Но во исто време, опозициските ВМРО, Алијанса и Левица поднесоа нивни предлог-измени во законот. Меѓу другото, бараат да се формира посебна комисија за справување со коронавирусот. Инаку, најновите измени што ги предлага власта предвидуваат задолжително носење маски на отворено, забрани за групирање после 22 часот и забрани за семејни собири со повеќе од четворица гости.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button