ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Утре средба на родителите и МОН, но не со Царовска, била многу зафатена

Министерството за образование се согласи утре да се сретне со претставници на групата родители „Книги и лекции мора да има“. Тие бараат да се повлече предлог-законот кој предвидува дигитални учебници. Но, според родителите, на состанокот нема да присуствува министерката Царовска затоа што им рекле дека била многу зафатена. Од минатата недела има апели за бојкот на наставата во основните и средните училишта во знак на револт против дигитализацијата на учебниците и учењето од далечина.