Утре стапува на сила 7 часовниот прекин на движењето

Утре стапува на сила 7 часовниот прекин на движењето, кој ќе трае од 22 до 5 часот наутро. Оваа мерка за спречување на ширење на пандемијата ќе трае до 22 март, по што властите ќе ја проценат потребата од нејзино продолжување или други можни мерки.
Граѓаните анкетирани од Алсат го поздравија полицискиот час, но проценуваат дека забраната треба да започне порано.
„Бројките не се намалуваат, ја знаете ситуацијата. Така што одредена мерка мора да постои. Ако сè ослободи се, тоа ќе биде хорор“.
„Не би било ефикасно, бидејќи тоа е време кога луѓето одмараат, спијат. 5 часот наутро е рано, тогаш сите се подготвуваме за на работа. „Значи, ако има полициски час, треба да има во текот на денот, како што беше порано.
Министерот за здравството вчера рече дека една од причините за полицискиот час е прекршувањето на мерките за време на собирите не само во кафеаните, туку и на јавните места.
„Кој го прекршил законот? Првично Владата не го почитува, а камоли младите. Млади се, излегуваат, се забавуваат. Но, што прават политичарите?! Тие го уништија ова место. Кој ја донесе пандемијата тука?
„Поради дождливото време, во градскиот парк сретнавме мал број граѓани, но токму парковите се места каде што младите се собираат доцна во ноќта и не ги почитуваат мерките за заштита од пандемијата, КОВИД 19“.
„Слушнав од пријатели дека млади луѓе се собирале во паркот, пиеле алкохол и конзумирале дрога. Секако, треба да има ограничувања, за да можеме сите да бидеме здрави и да ја поминеме оваа криза.
Ситуацијата ја потврдија и службите на комунална хигиена.
-Да, има. Особено кога времето е добро. Претежно за време на викендите.
-Какви информации имате? Младите се собираат повеќе?
Да. Пијат, се дружат, од каде да знаеме што прават.
Утре ќе почне вакцинацијата и со руските вакцини.Поради проширувањето на ковид-капацитетити и актуелната состојба, вакцинацијата ќе продолжи со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање на ковид-инфекција, од сите институции во државата рекоа од Министерството за здравство.Утре ќе започне и ревакцинацијата на докторите кои беа вакцинирани со Фајзер.
Anesa Salihu