ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Од утре до 22 март од 22:00-05:00 часот полициски час во државата!

Од утревечер, со почеток во 22 часот се воведува полициски час како мерка против ширењето на коронавирусот, одлучила владата на денешната седница, информираше денеска премиерот Зоран Заев.
Полицискиот час ќе биде како што предложи Комисијата за заразни болести – од 22 часот до 5 часот наутро. Ќе трае до 22 март 2021 година.
Предлогот е на Комисијата за заразни болести, а министерот за здравство, Венко Филипче, образложи дека барањето се должело поради нецелосното почитување на дел од анти ковид мерките, особено поради собири после 22 часот и недозволени групирања.