ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре во земјава конечно започнува вакцинацијата против коронавирусот

Вакциналниот пункт е подготвен. Медицинскиот персонал денеска ги вршеше последните подготовки пред утрешниот старт на процесот. Во модуларните простории на Клиниката за инфективни болести во Скопје има 6 места за вакцинирање каде на секои 15 минути ќе има по една имунизација. Двајца лекари од тимот на инфективна утре изутрина ќе направат сефте со вакцините Фајзер. Пунктот ќе работи од 8 до 20 часот.

Advertisements

Во меѓувреме, на вратата од бараката се поставува анекс, кој за време на вториот бран служеше како ковид центар. Додека надвор се работи, медицинскиот персонал внатре интензивно ги формализира процедурите за вакцинација.

Секој пациент мора да го пополни формулар пред да ја прими вакцината и да го достави до администрацијата за да добие картичка со лични податоци, која потоа ќе биде доставена до медицинскиот персонал кој ќе го запише датумот за инјектирање на втората доза на вакцина.

Од специјалниот фрижидер на -70 степени од Институтот за трансфузиологија, вакцините ќе се носат до вакциналниот центар во едноставни фрижидери. Дозите ќе треба да се одмрзнат и да се инјектираат на собна температура. Во една ампула има по 5 дози кои по отворањето треба да се употребат во рок од 5 часа. Донацијата од Србија од 4.680 дози е резервирана за медицинскиот персонал во инфективните клиники и ковид центрите во Скопје, а потоа следуваат лекарите од другите градови.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button