ВЕСТИЗДРАВСТВО

Утре започнува скринингот на учениците, први ќе се тестираат средношколците во Скопје

Утре се очекува да започне скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје, информираат од Министерството за здравство. Како што се наведува во соопштението, во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина.
Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот Ковид 19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата, велат од министерството за здравство.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button