ВЕСТИЗДРАВСТВО

Утре започнува вакцинацијата против сезонски грип

Низ целата земја утре стратува вакцинирањето против сезонскиот грип. Во земјата стигнале 60.000 вакцинации наменети за деца на возраст од шест месеци до пет години, возрасни над 65 години, хронично болни, бремени жени и здравствени работници.

Advertisements

Граѓаните со поделни мислења.

„Не знам дали ќе ја земем, затоа што досега имам земено три, а пак е исто. Еве сега одам во болница“…

„Ако е потребно, ќе се пријавам зошто да не. Веројатно бидејќи се дава треба да се земе“, велат граѓаните.

2.500 дози на вакцини за сезонски грип издадени од Министерството за здравство се наменети за одредени лица: деца, бремени жени и возрасни над 65 години. Право на вакцинација против сезонски грип имаат и останатаите, нотие ќе треба да платат 800 денари за вакцинација, односно 100 денари помалку од лани.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button