
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан, упати видео порака до граѓаните на Европа по повод почетокот на испораката на првите вакцини против Ковид-19 во ЕУ.
– Денес е ден на испорака, а утре ќе започнеме со вакцинирање низ цела ЕУ – рече фон дер Лајен.
Таа додаде дека ЕУ набавила доволно вакцини за 450 милиони нејзини граѓани и дека им се ставени на располагање на сите членки на ЕУ истовремено.
Според неа, Европските денови на вакцинација, од 27 до 29 декември, ќе бидат момент на единство и европски успех.