ВЕСТИСВЕТ

Утрово извршени напади на Днипро и Луцк

Украинските ТВ и медиуми известуваат за експлозии во Луцк на северозапад на Украина, како и во Днипро – град во внатрешноста на реката Днепар во централноисточна Украина, грдови кои досега не беа цел на руските гранатирања.

Advertisements

Сирените за опасност од воздушен напад се слушанале низ неколку градови во Украина неколку часа пред експлозиите.

Според локалните жители во областа, нападот во Луцк бил насочен на аеродром, јавува Би-би-си Украина.

Има информации и дека е погодена фабрика – единственото место каде што може да се поправат одредени мотори на борбени авиони.

Би-би-си Украина вели дека локацијата била на списокот на клучни стратешки цели на Русија.

И градоначалникот на Луцк потврди дека експлозиите се случиле во близина на градскиот аеродром.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button