Утврдени 360 нови случаи на Ковид-19, починаа 20 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2291 тестирања, а регистрирани се 350 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 180, Кавадарци – 24, Велес – 19, Куманово – 14, Тетово – 14, Гевгелија – 12, Охрид – 8, Гостивар, Струмица и Делчево – по 7, Прилеп, Струга, Кочани, Неготино и Радовиш – по 6, Штип и Демир Капија – по 5, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Битола, Берово и Демир Хисар – по 2, Кичево, Дебар, Ресен, Пробиштип, Виница и Кратово – по 1.
Регистрирани се 266 оздравени пациенти од:
Скопје – 152, Кавадарци – 17, Куманово – 12, Велес – 11, Ресен – 8, Неготино и Штип – по 7, Прилеп – 6, Струмица и Кичево – по 5, Тетово и Кочани – по 4, Гевгелија, Битола, Берово и Кратово – по 3, Гостивар, Демир Капија, Дебар, Пробиштип, Виница и Богданци – по 2, Делчево, Крива Паланка, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 14 од Жан Митрев Клиника за пациенти кои починале во периодот од 04.01-30.01.2021. Шест лица се починати во текот на вчерашниот ден.