ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Утврдени 457 нови случаи на Ковид-19, починаа 30 пациенти

Во последниве 24 часа, од извршени 1.682 тестови, регистрирани се 457 нови случаи на Ковид-19. Институтот за јавно здравје објави дека 700 пациенти се излекувани, а битката со Ковид-19 ја изгубиле 30 пациенти.
Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 119.828 случаи, од кои 101.474 се излечени, додека 3.503 починале. Во моментот земјата има 14.851 активен случај.