МАКЕДОНИЈА

Утврдени слабости во работењето на Централен регистар

Со извршената ревизија за работењето на Централниот регистар утврдени се неправилности, вклучувајќи продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри. Дополнително, утврдени се проблеми со долгови, неправилности во вработувањето и законски недоречености кои влијаат на ефективноста на институцијата.

Advertisements

Ова е објавено во конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на Централен регистар на Република Северна Македонија.

ДЗР извршил ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Централен регистар на Република Северна Македонија, за 2023 година, при што изрази неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

– Со извршената ревизија утврдена е несоодветно воспоставена сметководствена евиденција на дел од градежните објекти со набавна вредност од 186.635 илјади денари, кои на Централен регистар, му се доделени со извршената трансформација на поранешниот Завод за платен промет. Причина за оваа состојба е несоодветниот третман на градежните објекти како државна поддршка, што влијае на искажаните податоци во финансиските извештаи, се наведува во денеска објавениот извештај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button