МАКЕДОНИЈА

Увид на местото каде беше фрлена експлозивна направа во Керамидница

Полицијата врши увид во Керамидница каде изутрината беше фрлена експлозивна направа во двор од куќа при што беше повредено едно лице кое е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Advertisements

Дел од медиумите јавија дека се работи за Раде Трајковски-Штекли, кој досега двапати беше мета на напад. Минатата година кон него беше пукано во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје.

– Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, соопшти МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button