В петок финализирање на деталите од законот за правична и соодветна застапеност
В петок финализирање на деталите од законот за правична и соодветна застапеност

Европскиот фронт е подготвен да интервенира со амандмани за поддршка на Законот за правична застапеност, кој го подготвува работната група меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ. Сали Мурат од Европскиот фронт вели дека имаат подготвено нацрт верзија за правичната застапеност, но за сега нема да ја презентираат. Првин ја чекаат верзијата на владејачката коалиција
„Очекуваме владејачката коалиција да ја подготви својата нацрт верзија, да видиме кои околности ќе бидат вклучени со нивниот закон, но имавме сомнеж дека ќе покренат такво нешто поради нивните изјави дека треба да почекаме. Но, партиите на владината коалиција ја сносат одговорноста за ова прашање. Подготвени сме да им ја понудиме нашата нацрт верзија, ќе ја понудиме нашата поддршка и сè што е потребно, само за да се донесе законот за правична и соодветна застапеност “, рече Сали Мурат.
По веста на Алсат каде беа обелоденети детали за законот, кој ќе биде во доменот на Агенцијата за администрација, од ВРЕДИ велат дека в петок се очекува да се одржи уште една прелиминарна средба, кога се очекува да се финализира најголемиот дел од законот. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ гарантира дека законот ќе биде инклузивен и нема да биде подготвен за политички интереси. Пред одобрувањето, мислење ќе дадат Венецијанската комисија и Уставниот суд. Законот ќе се заснова на резидентното население.
“Како дел од разговорите за предметните закони, може да има несогласувања по одредени точки, но сето ова е во доменот на носење на покомплетен и сеопфатен закон. Секако санкции има, ние ќе инсистираме да бидат од најекстремни размери, така што казните ќе бидат повисоки за оние кои нема да го почитуваат„, рече Ријад Шаќири.
Но, на крајот ќе биде и двојниот механизам или ограничениот потпис во рамките на агенцијата за администрација.
Според извори на Алсат, партиите имаат усогласени ставови за законот кој треба да го замени балансерот, механизам укинат од Уставниот суд, а тој ќе треба да даде дополнителни овластувања на Агенцијата за администрација. Сепак, во постојната законска рамка, Агенцијата не ги опфаќа безбедносните тела и се дискутира овие тела да бидат вклучени во законот./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу