ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

В петок почнува собирањето потписи за претседател и пратеници

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува в петок на 23 февруари и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК).

Државната изборна комисија на седница донесе Правилник за собирање на потписи, којшто ќе биде објавен на веб – страницата на комисијата.

„Собирањето на потписи се одвива пред сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари, за тоа и кон ова појаснување ќе бидат објавени и адресите на подрачните одделенија на ДИК пред кој се собираат потписите. Постапката почнува на 23 и трае непрекинато секој ден. Подрачните одделенија ќе работат две смени. Наутро од 8 часот до навечер до 20 часот, додека последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот“, информира Борис Кондарко, член на ДИК.

Тој објаснува дека иницијативата за собирање потписи за поддршка на поднесена листа на кандидат за претседател и пратеници, се поведува со поднесување на известување и изјава на ДИК од страна на предложениот кандидат, односно лицето овластено од негова страна со генерално известување заверено на нотар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button