Вака би изгледале брачните завети кога би биле искрени


Алсат
22.06.2020 08:19
На оние клише “смртта додека не не раздели“ завети, сите сме навикнати. Сите безброј пати сме ги слушнале оние зборови дека вечно ќе се сакаат брачните парови, но што доколку брачните завети се пишуваат искрено и малку по различно од оние традиционалните?
Па да видиме:
-Ветувам дека нема да ми смета твојот долен веш расфрлан по целиот стан
-Ветувам дека нема да се бунам на твоето константно гледање на турски серии и српски музички шоуа.
-Ветувам дека нема да ништо да спомнам за твојата неуредност и за нечистите садови кои седат цела вечер во мијалникот и притоа служат како стапица за комарци и други летачки животни
-Ветувам дека нема да се бунам ако одлучиш да чуваме куче или мачка, или твојата мајка
-Ветувам дека ќе се потрудам да ја спуштам даската од ВЦ шољата и нема да оставам неуредна бања позади мене
-Ветувам дека ќе дадам се од себе да не се карам со твојата мајка и дека нема да ја пратам на Аљаска
-Свечено ветувам дека нема да се претворам во напорна и досадна жена која ќе додева за секоја ситница и ќе држи предавања од епски размери
-Ветувам дека нема да се однесувам како типичен “Мачо Балканикус“-ендемски вид
-Ветувам со тешко срце дека нема Премиер Лигата да ми биде поважна од вечерата со твоите родители
-Ветувам дека нема да се бунам на загорениот грав од завчера кој ќе биде твое најголемо кулинарско достигнување
-Ветувам дека ќе те пуштам еднаш месечно со другарчињата да одиш во кафеана
Листата може да се продолжи до недоглед, веруваме дека сите имате бар уште неколку идеи кои би можеле да се додадат на оваа листа.