ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вакцина против корона на почетокот на наредната година

Македонија може да има вакцина против вирусот корона на почетокот на следната година. Според министерот за здравство, нашата земја ќе ја прими вакцината преку механизмот Ковакс и тоа од двете компании кои веќе имаат дозвола за дистрибуција на вакцините, Астра Зеник и Фајзер.

Advertisements

Министерот Филипче ги отфрли гласините дека може да има карантин и полициски час за време на викендите. Според него, тоа не е потребно сè додека се почитуваат мерките, вклучително и за негрупирање на повеќе од четири лица.

Филипче додаде дека од вчера дистрибуирани се  брзите тестови во шесте здравствени домови во Скопје, во Јане Сандански, Ѓорче Петров, Чаир, во здравствените домови во Ченто, Бит Пазар и во Поликлиниката Идадија. Тој објаснува дека термините за брзи тестови се закажуваат преку матичните лекари и кај пациенти кои имаат помалку од пет дена симптоми. Дневно се прават 300 до 500 брзи тестови, додека се планира овие видови тестови да бидат дистрибуирани во следните денови и до другите центри за јавно здравје низ целата земја. Во однос на капацитетот на болниците, министерот Филипче рече дека освен во Струмица и Куманово, во сите болници низ земјава има слободни кревети.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button