ВЕСТИСВЕТ

Вакцина со 95% ефикасност претставена пред светот, СЗО – тоа не е доволно!

Друга вакцина против Ковид-19 се очекува наскоро да се појави на  пазарот и се најавува дека може да биде уште поефикаснa од првите две вакцини. Американската компанија „Модерна“ соопшти дека нивната вакцина се покажала ефикасна во 95 проценти. Од 30.000 извршени тестови, кај 95 проценти лицата се избориле со сите симтоми. Компанијата соопшти дека нивниот примерок не е тестиран на лица со имунитет, прашање што според нив остава многу неодговорени прашања во врска со фактот дека вакцинацијата се предвидува во две фази.

Advertisements

Извршниот директор на фармацевтската компанија Модерна, Тал Закс, за медиумите изјави дека непознат останува периодот на имунитет, односно до кога вакцинираното лице нема да се чувствува загрозено од вирусот. Епидемиолозите забележале благи симптоми и сезонски вирус, слични на оние на Ковид-19 дури и по вакцинирањето, како што се краткотраен замор, главоболка и болки во грлото. Компанијата Модерна соопшти дека нивниот капацитет може да обезбеди над 20 милиони дози за САД.

Минатата недела германско-американската компанија Pfizer / BioNTech ја објави големата вест за откривањето на вакцината против Ковид-19 со ефикасност од 90 проценти. Веста беше добро прифатена од Светската здравствена организација која предложи научна верификација на вакцината и нејзино лансирање на фармацевтскиот пазар.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус најави дека вакцината сама по себе нема да биде доволна за да се победи пандемијата на новиот коронавирус.

„Вакцината ќе ги надополни другите алатки што ги имаме но  нема да ги замени“, рече тој.

Според руските медиуми, вакцината Спутник откриена во Руската Федерација, која според тамошните медиуми достигнува ефикасност до 92 проценти, покажала приближна ефикасност. На почетокот на ноември, Северна Македонија аплицираше за вакцината Оксфорд од Астра Зеника. Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека Владата очекува процесот на вакцинација за 400 илјади граѓани да започне на почетокот на 2021 година.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button