ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вал: Добив гаранции дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР за Изборниот законик ќе бидат имплементирани

Вал: Добив гаранции дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР за Изборниот законик ќе бидат имплементирани

Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, вели дека добил уверување од политичките партии, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ, дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изборниот законик ќе бидат прифатени. Вал не коментира дали најдобриот изборен модел за земјата е една изборна единица и отворени листи, велејќи дека ОБСЕ нема утврдено стандард за ова.

“Има два различни процеси. Прво, големата политичка дискусија за бројот на изборни единици. Ова е политичка дискусија која треба да се води помеѓу политичките партии овде во Северна Македонија. Другиот процес е она што се нарекува препораки од ОБСЕ/ОДИХР. Овие препораки се резултат на, како што рековте, на мисиите за набљудување избори и тие се повеќе од техничка природа. Веруваме дека земјата може да се движи напред со спроведувањето на препораките од ОБСЕ/ОДИХР, а во исто време да ја води дискусијата за изборните единици која е важна да се има. Но, едното не го исклучува другото. Имам индикации и уверувања од политичките лидери овде во земјата, вклучително и од опозицијата, од г-н Мицкоски, дека штом овие технички препораки од ОБСЕ/ОДИХР дојдат до Собранието ќе бидат изгласани. Немам индикации во овој временски период дека тоа нема да се случи. Знам дека има тековни дискусии, па останува да видиме“, изјави Килијан Вал, Амбасадор на ОБСЕ во Скопје. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button