Вал: Судиите и обвинителите имаат многу мала доверба во нивните совети
Вал: Судиите и обвинителите имаат многу мала доверба во нивните совети

Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, во интервју за „Патот кон“ зборуваше за последниот извештај за Проценката на ризикот од корупција во судството, од кој произлезе дека самите судии и обвинители немаат доверба во судството. Според него, фактот што над 50 отсто од судиите и обвинителите одговориле на анкетата покажува дека не може да се негира дека опасностите од корупција во оваа сфера се реални. Вал рече дека го споделил извештајот со државните институции и очекува да се проучат најдобрите начини за решавање на проблемот, за што ОБСЕ е подготвено да помогне.
„Како што реков, мислам дека нема негирање на тоа. Кога ќе го прочитате документот, кога ќе погледнете подетално, се добива увид во тоа каде треба да одговориме, во која насока треба да се упатиме против овој негативен феномен. Она што загрижува во Проценката за ризик од корупција е тоа што и судиите и обвинителите имаат многу мала доверба во Советите; Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Повеќе од 50 % од испитаните судии и јавни обвинители немаат доверба во овие важни институции. Мислам дека тоа треба сите да нѐ загрижува. Но, мислам дека има и позитивен елемент, а тоа е дека и судиите и обвинителите веруваат дека постојните антикорупциски механизми, како што се: автоматскиот систем за управување со случаи како и дигитализацијата на правосудството кои даваат резултати. Тоа се гледа како нешто позитивно“, изјави Килијан Вал, амбасадор на ОБСЕ во Скопје. /Алсат.мк