ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Валбон Лимани избран за в.д. градоначалник на општина Гостивар

Валбон Лимани избран за в.д. градоначалник на општина Гостивар

Со 22 гласа за и 8 против, советот на општина Гостивар на вонредната седница го избра в.д. градоначалник Валбон Лимани. Тој изјави дека ќе ја продолжи работата што досега ја сработил поранешниот градоначалник Таравари а вети подобар град за сите жители на Гостивар.

Advertisements

„Приоритетите остануваат исти до крајот на мандатот, додека преостанатото време се обврзувам на реализација на голем процент од ветувањата што им ги дадовме на жителите на Гостивар. И ќе дадам се од себе да ги исполнам сите ветувања и сите услуги кон граѓаните да бидат најквалитетни и на највисоко ниво. Доколку ја оправдам довербата што ми ја дадоа советниците и довербата на партиските органи, тогаш можам да ја преиспитам мојата кандидатура на следните избори“, rече Валбон Лимани. УД градоначалник на општина Гостивар.

Советниците на ДУИ во Гостивар гласаа против. Тие го обвинија Таравари дека оставил низа неисполнети работи како и над 15 милиони евра наталожени долгови.

„Таравари го напушта раководството на општината една година пред истекот на редовниот мандат и го следат низа неуспеси во управувањето со општината, а во исто време ги разочаруваат оние кои му ја дадоа довербата за подобра и почиста општина. Гласот против на советниците на ДУИ е глас против амнестијата на Таравари на сите пропусти и неисполнети ветувања во раководството на општината. Најлошо од се, општината останува со најголемиот долг во својата историја, кој изнесува над 15 милиони евра“, нагласи Вјолца Бафтиу Зилбехари, советничка во ДУИ.

На оваа вонредна седница за претседател на Советот беше избран Намик Дурмиши, а беше верификуван мандатот на советник од ВМРО бидејќи еден од советниците на оваа партија беше именуван за директор во Слободни економски зони во земјава./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button