ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вања Ѓорчевска пронајдена мртва во околината на Скопје

Безживотното тело на малолетното девојче Вања Ѓорчевска, денеска е пронајдено во околината на Скопје. За убиството осомничени се пет лица кои според полицијата претходно го убиле и 74 годишниот Велешанец П.Ж. За тројца од осомничените се бара притвор, еден е надвор од државата а друг е во полициска станица. Според полицијата, малолетното девојче по кое се трагаше седум дена и кое исчезна на пат кон училиште била грабната пред влезот на својот дом истиот ден – околу 10 часот.

Advertisements

„Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, велат од МВР и ЈО.

Полицијата пронашла и опожарено воизло цитроен и по извршените вештачења биле обезбедени материјални докази за инволвираност на лицата. Безживотното тело на велешанецот исто така било пронајдено денеска во блзиина на Велес – тој се водел како исчезнат од 24 ноември. Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите извршиле јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени биле наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.

„Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка. Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност“, се додава во соопштението.

Малолетното девојче Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчзената во понделеникот кога за последен пат тргна кон училиштето. По пријавувањето на девојчето за исчезнато, од полицијата велат дека ги презеле сите мерки и активности, а во СВР Скопје бил формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени биле претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени биле бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button