СПОРТФУДБАЛ

Вардар го доби најлесниот ривал во полуфиналето на Купот

Познати се полуфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија. Во оваа фаза од натпреварувањето се играат по два натпревари, за разлика од претходните рунди.

Advertisements

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки во Купот. Најтрофејниот македонски клуб ќе ги одмери силите со Брера, додека далеку поинтересно се очекува да биде на пресметката моменталниот лидер на табелата во Првата лига, тимот на Шкендија и актуелниот шампион Струга. Првите натпревари се играат на 9 април, додека реваншите се закажани за 23-ти истиот месец.

Извор: Телма

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button