СПОРТФУДБАЛ

Вардар потврди: Горазд Михаилов си замина поради приватни причини

Сосема изненадувачки од редовите на Вардар по победата во дербито против Пелистер од клупата си замина тренерот Горзад Михаилов. За одлуката Вардар информираше преку социјалните мрежи посочувајќи дека причината за неговото заминување се приватни причини.

Advertisements

“Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните. Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици“, објави Вардар.

На клупата на Вардар Михаилов пристигна минатата полусезона и успеа да избори опстанок што беше главна цел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button