СПОРТФУДБАЛ

Вардар-Струга ТЛ, борба за Купот и европска сцена

Вечерва со почеток од 20 часот на „Градски“ се игра финалето од Купот на Македонија во кое за трофејот ќе се борат Вардар и Струга ТЛ. Црвено-црните петпати го имаат кренато големиот пехар од Купот на Македонија, но последен пат тоа се случило пред дури 18 години.

Advertisements

За разлика од Вардар, Струга никогаш му се нема израдувано на овој трофеј, иако во 2023 го погледна одблизу, тогаш во финалето загуби од Македонија Ѓорче Петров на пенали.

Вардар повторно е во центарот на вниманието. По турбулентни години, „црвено-црните“ финансиски се стабилизираа и се во можност да ја заокружат сезоната со трофеј и место во Европа. Победата не би била само награда, туку и симболично враќање на старите патеки.

Струга е македонски шампион од минатата сезона, во составот имаат фудбалери кои знаат да победуваат и со голема мотивација ќе истрчаат вечерва на арената.

Црвено-црните вечерва ќе ја имаат фаворитската улога, ќе имаат и поголема поддршка од публиката, но Струга е квалитетен тим и нема намера да излезе со бело знаме. Покрај пехарот, победа на денешниот меч и за Вардар и за Струга ќе значи и излез во Европа откако

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button