ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Вархеји: 2027 е година за приклучување во Унијата

Наредната Европска Комисија ќе биде Комисија на проширувањето, истакна еврокомесарот Оливер Вархеји пред лидерите од земјите од Западен Балкан. Според него, чувството на итност по ова прашање е веќе зголемено и наредната Комисија до крајот на нејзиниот мандат ќе заврши со проширувањето на Унијата, вклучително и со земјите од регионот. Говорејќи за Планот за раст, тежок шест милијарди евра, Вархеји потенцира дека сега за Балканот веќе има оптимизам до 2027-мата година да биде подготвен за членство.

Advertisements

„Нема да има оправдувања, ќе искористам балканска терминологија зашто и јас потекнувам од тука, нема оправдувања за Западен Балкан да не биде подготвен до 2027 година за приклучување во Европската Унија“, рече Вархеји.

Вархеји нагласи дека е крајно време е да се направи чекор напред и порача регионот да не ја испушта можноста за интегрирање во заеднички пазар, преку традиционалните недоразбирања меѓу земјите од Западен Балкан. На средбата во Црна Гора присуствуваше и американскиот висок претставник Џејмс О’Брајан, според кого, политичките критериуми ќе станат полесни за решавање ако земјите меѓусебно ги отворат пазарите и движењето на луѓе и стоки е побрзо и поевтино.

„САД сака да ја види Европа, целосна, слободна и во мир. Тоа е наш интерес поради економијата, граѓаните и за сигурноста. Кога овој регион прави напредок во таа насока, тоа е наш американски интерес и ќе помогнеме на каков и начин да можеме“, рече Џејмс О’Брајан – помошник државен секретар на САД.

Присутни на средбата беа премиерот Талат Џафери, косовскиот премиер Албин Курти, албанскиот Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на БиХ Борјана Кришто и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ. Тие изразија очекување дека ќе бидат дел од поголем пазар и ја истакнаа својата посветеност на реформите и процесот на европска интеграција. Шесте милијарди евра од Унијата за регионов се условени со спроведување реформи, а за Македонија се издвоени 850 милиони евра. Првата транша се очекува во септември.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button