ВЕСТИРЕГИОН

Вархеји: Работиме напорно да му помогнеме на регионот и го исполниме ветувањето за Западен Балкан да влезе во ЕУ

Можете да сметате на нашата посветеност и поддршка за Западен Балкан. Работиме напорно да му помогнеме на регионот со нови можности за бизниси и граѓани и да го исполниме ветувањето за Западен Балкан да влезе во ЕУ, истакна еврокомесарот Оливер Вархеји во видео-обраќањето на Вториот економски форум во Скопје во организација на Делфи Економскиот форум и Грчката бизнис асоцијација, со фокус на просперитетот на регионот во време на пресврти.

Advertisements

Тој се осврна пред се, на економската поддршка за регионот посочувајќи на економскиот план за инвестиции што беше лансиран пред две години во рамки на кој досега се усвоени 40 водечки проекти – грантови во вредност од 1,8 милијарди.

-Овие проекти влијаат врз растот, забрзувањето на соработката меѓу Западен Балкан и ЕУ и треба да ги подобрат транспортната, дигиталната и енергетската поврзаност со ЕУ. Овие инвестиции ќе го поттурнат регионот напред со креирање на работни места и раст.  Го прославивме Белградскиот договор за финансирање со ЕИБ и ЕБРД со водечки проекти во вредност од 2,4 милијарди евра. Зборувавме за Коридорот 10 – железничкиот коридор што го поврзува ЕУ преку Србија, Бугарија, Северна Македонија со Грција со пристаништето во Солун. Градиме зелени патишта не само меѓу земјите, туку и меѓу нашите региони – ЕУ и Западен Балкан, истакна еврокомесарот.  

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button