СПОРТФОРМУЛА - 1

Васер: Ферари има добар проект, тоа му се допадна на Луиc Хамилтон

Директорот на Ферари, Фредерик Васер откри дека преговорите со Луис Хамилтон за преселба во италијанскиот тим поминал без никакви компликации.

Advertisements

Хамилтон на крајот на сезоната во Формула 1 го напушта Мерцедес по 12 години и се сели во Ферари.

„Ние во 2023 година победивме во повеќе трки отколку Мерцедес, почетокот на сезоната исто така беше добар, па не ни беше тешко да го убедиме Хамилтон да потпише со нас. Ферари имаше добар проект, мислам дека тоа му се допадна на Луис“, вели Васер.

Хамилтон за првпат ќе го вози болидот на Ферари на претсезонските тестирања во Бахреин од 26 до 28 февруари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button