ВЕСТИСВЕТ

Ватикан ќе го деактивира сигналот на мобилните телефони за време на конклавата за избор на нов папа

Ватикан соопшти дека ќе го прекине сигналот за мобилните телефонски мрежи за време на конклавата каде што ќе се избира новиот папа, објавија италијанските медиуми, а пренесува Си-ен-ен.

Advertisements

Тоа, според соопштението од Ватикан, значи дека во среда на 7 мај од 15 часот сите системи за пренос на телекомуникациски сигнали за мобилни телефони на територијата на државата Ватикан ќе бидат деактивирани.

Тоа е час и половина пред кардиналите да се упатат кон Систинската капела за да ја започнат папската конклава.

„Сигналот повторно ќе биде вклучен по објавувањето на изборот на папата“, се наведува во соопштението од Ватикан.

Ватикан, исто така, планира да користи закочувачи на сигнали околу Систинската капела за да спречи електронски надзор или комуникација надвор од конклавата на која 133 кардинали ќе гласаат за наследникот на папата Франциск.

Деактивирањето на сигналот на мобилнитее телефони нема да ги опфати посетителите на плоштадот „Свети Петар“. Но, безбедноста е засилена низ целиот плоштад, со контролни пунктови на влезовите и распоредување на детектори за метал и системи против употреба на дронови на јавен простор.

Инаку, како што потврди Ватикан, сите 133 кардинали што ќе гласаат за да го изберат наследникот на Франциск веќе пристигнаа во Рим.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button