СВЕТ
Ватикан: Папата продолжува со лекувањето, состојбата се подобрува

Папата Франциско го продолжува лекувањето од бронхитис и билатерална пневмонија во болничкиот комплекс Гемели во Рим, соопштија извори од Ватикан.
Според информациите, 88-годишниот аргентински понтиф „се разбудил, појадувал, читал весник и продолжил со лекување и физиотерапија“, јави АНСА.
Изворите додаваат и дека се уште не е одлучено како папата ќе ја одржи молитвата во недела.
Властите на Ватикан претходно објавија дека папата имал уште една мирна ноќ, дека сега се одмара, но дека неговата здравствена состојба останала „сложена“, иако се подобрува. Потврдено е и дека папата не е во критична состојба.